Чеферин „удри“ по Реал Мадрид: Мислат дека се елита и сите треба да им се поклонуваат

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА на платформата „Епл +“ зборуваше за основањето на Супер-лигата. Шпанска „Марка“ издвои делови од неговото интервју, во кое зборуваше за Реал Мадрид.

Првиот човек на УЕФА го нападна кралскиот клуб, велејќи дека тие се само Реал Мадрид, и ништо повеќе.

„Многу ајкули пливаат во фудбалското море. Откако првпат слушнав за Супер-лигата, знаев кој ќе биде глаен. Долго време јавно се жалат дека нивниот клуб игра со мали тимови. Тие мислат дека се некаков елитен клуб кој не би требало да се грижи за никој друг, и толку се важни што сите мораат да им се поклонуваат. Тие се Реал Мадрид, нивен претседател е Флорентино Перез“, порача Чеферин.

Серијалот се состои во четири епизоди, кои би требало да послужат за подобро разбирање на главните играчи во меѓународниот фудбал, а гостуваат некои од напознатите протагонисти од светот на фудбалот.

Се вчитува...