Чех како Кепа – почетничка грешка на ветеранот (видео)

Петр Чех по неколку години пауза се врати на терените, појавувајќи се на голот на вториот тим на Челси, на дуелот со вториот тим на Тотенхем.

Чешкиот „пензионер“ сепак е далеку од посакуваната форма, откако на самиот почеток од мечот направи почетничка грешка по стпаките на Кепа, кој често беше критикуван за слабите настапи на голот на „сините“.

Се играше втората минута кога Челси се обиде да гради акција од сопствениот шеснаесетник, а Чех изреагира почетнички и ја исфрли топката во корнер. Тотенхем знаеше како да го казни тоа и успеа да постигне водечки погодок.

Се вчитува...