Чекајќи ја ждрепката: Македонија во „екс-ју“ група на ЕП – тоа би бил спектакл

Македонските ракометари в четврток ќе ги дознаат противниците во групната фаза од ЕП што во јануари 2022 година ќе се одржи во Унгарија и во Словачка.

Комбинации има безброј, но четири од нив делуваат најинтересно – Македонија да се најде во група со селекции кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија. Сите шест републики од поранешна СФРЈ обезбедија учество на претстојниот европски шампионат, па постои интересна опција Македонија од првиот шешир да ја добие Хрватска или Словенија, од вториот да се падне Србија, па потоа во последниот шешир за ривал да биде извлечена Црна Гора или селекцијата на БиХ.

Веќе е одлучено дека Хрватска своите натпревари ќе ги игра во Сегедин, град што се наоѓа веднаш по српско – унгарската граница, така што би бил и идеален за што поголемо присуство на навивачи на четирите земји, со оглед на најавите на унгарските власти дека сигурно ќе биде дозволено фановите да се најдат на трибините на овој европски шампионат.

Се вчитува...