Горан Драгиќ години наназад е еден од најдобрите европски кошаркари во НБА лигата. Словенецот кој има 34 години, во НБА стигна во 2008 година. Од 2015 е дел од Мајами со кој успеа да се пласира во финалето од НБА лигата.
„Ова е нереално. Полн сум со емоции. Среќен сум, чекав на ова 12 години и конечно сум тука. Поминав многу, многу подеми и падови и сега сум среќен што можам да бидам дел од овој голем момент. Цела сезона беше неверојатно искуство за мене. Ова е веројатно еден од најголемите моменти во мојот живот“ – изјави Драгиќ.
Мајами и Горан Драгиќ во финалето за противник ќе ги имаат Лос Анџелес Лејкерс кои се предводени од Леброн Џејмс кој е последниот кошаркар кој ја донел титулата на Флорида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА