Чекаше и дочека: Прв гол за Несторовски за Удинезе во Калчо-лигата

Илија Несторовски конечно се израдува на првиот калчолигашки гол во дресот на Удинезе, откако македонскиот ас стрелаше прецизно за водство на својот тим на гостувањето против Сампдорија. Тој прифати една топка на дваесетина метри од противничкиот гол, умешно влезе во шеснаесетникот и со левата нога ја пласираше крај немоќниот голман.

Несторовски во 2. минута постигна гол, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на еден негов соиграч. Овојпат ниту технологијата не можеше да го избрише погодокот и да му ја скрати радоста на поранешниот ас на Палермо.

Се вчитува...