Чекаше и дочека – Роналдо со прв гол од слободен удар по 45 обиди на СП и ЕП

Кристијано Роналдо се запишал меѓу стрелците на последните четири европски и исто толку светски шампионати, но интересно е дека тој беше без гол од слободен удар. Се до синоќа, кога од својот 45. обид на големите натпреварувања тој успеа да ја затресе противничката мрежа.

И тоа во клучен момент, во самиот финиш од дуелот со Шпанија, големиот ривал против кого до вчерашниот меч немаше ниту еден гол, а синоќа му даде хет-трик. Чекаше и дочека, и тоа на денот на кој Шпанците објавија дека ќе му биде изречена условна затворска казна, со парична санкција од над 18 милиони евра.

Кој последен се смее…

Се вчитува...