Чекор напред: Шошкиќ има нов клуб во НЦАА

Андреј Шошкиќ направи чекор напред во својата кариера, откако најде поквалитетен и пореномиран клуб во НЦАА-лигата по заминувањето од Стоуни Брук.

Македонскиот плејмејкер имаше фантастична дебитантска сезона од другата страна на Атлантикот, но фактот дека Стоуии Брук се натпреваруваше во понизок ранг беше причина Шошкиќ да се реши за поголем предизвик, па летово објави дека ќе ги промени клупските бои, за денеска и официјално да се приклучи на универзитетскиот тим на Јужна Флорида.

Шошкиќ во дресот на Стоуни Брук имаше просек од 10,7 поени, 1,5 украдени топки 2,6 скока, 2,4 асистенции, со 49,8 проценти шут од игра од кои 45,1 проценти шут за три поени, бројки што Македонецот сигурно ќе се обиде да ги задржи, зошто да не и да ги подобри во дресот на новиот клуб.

Се вчитува...