Чековски се враќа назад во Работнички

Ремонтот во Работнички тргнува само 24 часа по вчерашната прес-конференција на раководството на „центарци“. Тони Симиќ е начелно договорен да седне на клупата на Работнички на местото на Димитар Мираковски, а заедно со поранешниот центар во клубот се враќа уште еден екс-играч на клубот, Ѓорѓи Чековски.

Овој кошаркар долги години со успех го носеше дресот на „центарци“, освои бројни трофеи со Работнички, по што професионалната кариера ја заврши токму во овој клуб.

Чековски ќе стане спортски директор во клубот, информација што треба да биде официјализирана заедно со доаѓањето на Тони Симиќ по денешниот состанок што двајцата ќе го имаат со Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Се вчитува...