Челичење во замрзнато езеро: Финска спринтерка во „ледена купка“… (видео)

Во паузата од подготовките за каталонското клупско првенство, атлетичарката на Барселона Анимари Корте, чија специјалност е 100 метри со пречки, се одлучи малку да го „челича“ своето тело во замрзнато езеро.

Атрактивната финска атлетичарка има 29 години, но во светските медиуми некако последниве денови доби значење само преку одлуката во својата земја да мине низ една „ледена купка“, притоа објавувајќи видео…

sprinterka 2

„Едно вакво капење барем еднаш во година секогаш е добредојдено“ – вели Корте… Храбро, во секој случај!

Се вчитува...