„Челичниот“ Нојер добива метална плочка и во левата нога

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, по успешната операција на зглобот од левата нога ќе мора да носи метална плочка, каква што има и на десната нога. Германскиот репрезентативец вели дека нема да има проблеми со плочката, бидејќи во десната нога ја носи уште од 2008 година, кога ја бранеше мрежата на Шалке.

„Воопшто не ми смета плочката. Веќе имам една на десната нога, ја носам уште од 2008 година кога бранев за Шалке. Тогаш се здобив со слична повреда и исто така беше санирана на таков начин. Само сакам побрзо да се опоравам и да се вратам меѓу диреците“, истакна Нојер.

Голманот нема да се појави на терените до крајот на оваа година, целосното опоравување се очекува да биде до јануари 2018 година.

Се вчитува...