Челик за посилна одбрана на Рома

Рома продолжува да се засилува за наредната сезона, откако „римската волчица“ денеска го официјализираше трансферот на турскиот репрезентативец Зеки Челик.

Станува збор за играч кој настапува на позицијата десен бек, а во Рома пристигнува од редовите на Лил, во трансфер вреден седум милиони евра.

„За мене е огромна чест што доаѓам во голем клуб како Рома. Подготвен сум за предизвикот, ќе видите дека сум играч што никогаш не се предава, ќе видите како ќе се борам за секоја топка на секој натпревар во дресот на Рома“, изјави Челик по потписот на тригодишниот договор со „волчицата“.

Се вчитува...