Челниците на Манчестер Ј. и на Борусија Д. на средба за Санчо

Џејдон Санчо во зимскиот преоден рок би можел да се врати во Борусија Дортмунд. Ова е најавата во сите германски медиуми, а според информациите денеска во Дортмунд ќе пристигнат челници на Манчестер Јунајтед каде што ќе се преговара за овој трансфер во јануарскиот преоден рок.

Голема е веројатноста англискиот фудбалер да се врати во Дортмунд, онаму каде што ги доживеа најславните денови, а потоа замина во Манчестер, каде што едноставно згасна.

Во моментов Санчо е суспендиран, и не му е дозволено ниту да тренира со првиот тим. Менаџерот Ерик Тен Хаг сака да се ослободи од него, и затоа засега не прифаќа позајмица, туку перманентен трансфер.

Борусија Дортмунд најверојатно ќе мора да испрати еден свој играч во Манчестер, како дел од трансферот на Санчо. Тоа ќе биде крилниот фудбалер Донјел Мален кој би требало да замине во Јунајтед, а Санчо да се врати во таборот на „милионерите“.

Санчо замина во Јунајтед во 2021 година за 85 милиони евра, откако беше купен за само пет од Манчестер Сити во 2017 година. Во меѓувреме стана и англиски репрезентативец, и му се предвидуваше голема иднина. Но, неговата цена од 100 милиони, сега е некаде околу 35 милиони.

Се вчитува...