Челси бара начин да се ослободи од Стерлинг

Челзи се подготвува да се раздели со играчот од средниот ред Рахим Стерлинг во јануари, пренесува „Скај Спортс њуз“. Лондонскиот клуб веќе разговарал со 31-годишникот и неговите претставници, а се очекува страните да го финализираат процесот пред да се затвори преодниот рок.

Англичанецот одбил позајмица во Вест Хем. Наместо тоа, тој размислува да се приклучи на Фулам со перманентен трансфер.

Стерлинг не одигра ниту еден меч оваа сезона за Челси, и тренираше одделно од првиот тим. Минатата сезона ја мина на позајмица во Арсенал, но и таму не се наигра. Неговиот договоро со Челси е со важност до летото 2027 година.

Се вчитува...