Челси без мака до „тројка“ против Хадерсфилд

Челси стигна до рутинска победа од 0-3 на гостувањето против Хадерсфилд на стартот од новата премиерлигашка сезона, меч што менаџерот Сари го стартуваше без Азар и Жиру, но сепак стигна до планираните три бода. Лондонскиот клуб триесетина минути се мачеше да ја наметне својата игра, но потоа до крајот на полувремето постигна два погодоци преку Канте и Жоргињо (од пенал), разрешувајќи ги дилемите околу победникот Конечните 0-3 ги постави Педро на асистенција на Азар, кој влезе во игра во второто полувреме.

Бурнемаут го совлада Кардиф со 2-0, меч на кој домаќините не реализираа и пенал, додека Фулам и покрај вложените 120 милиони фунти во нови фудбалери ја стартуваше сезоната со пораз од Кристал палас на домашен терен.

Резултати Англија:

Хадерсфилд – Челси 0-3, Фулам – Кристал палас 0-2, Бурнемаут – Кардиф 2-0, Ватфор – Брајтон 2-0.

Се вчитува...