Челси чекори перфектно, рамо до рамо со Ливерпул

Маурицио Сари има перфектен старт на својата премиерлигашка авантура откако во четвртото коло ја забележа и четвртата победа како стратег на Челси, овојпат на домашен терен против Бурнемаут со 2-0. Гостите цели 70 минути одолеваа на налетите на „сините“, но капитулираа кога Педро од работ на шеснаесетникот ја смести топката во мрежата. Азар ги постави конечните 2-0, со што Челси му се приклучи на Ливерпул на делба на првото место на табелата.

За разлика од Сари, Мануел Пелегрини има очаен старт на авантурата во Вест хем откако „чеканите“ го претрпеа и четвртиот пораз, овојпат на домашен терен од Вулверхемптон со 0-1 со голот на Траоре во 93. минута.

Саутемптон како гостин го совлада Кристал палас со 0-2, дуел на кој гостите не реализираа пенал преку Чарли Остин, додека Брајтон се врати од негатива од 0-2 и со двата гола на Мареј стигна до реми.

Резултати Англија:

Лестер – Ливерпул 1-2, Брајтон – Фулам 2-2, Кристал палас – Саутемптон 0-2, Челси – Бурнемаут 2-0, Евертон – Хадерсфилд 1-1, Вест хем – Вулверхемптон 0-1.

Се вчитува...