Челси договори дефанзивец – не е ниту Ван Дајк, ниту Манолас

Англискиот првак Челси конечно ја исполни желбата на стратегот Антонио Конте ангажирајќи нов дефанзивец кој би требал уште повеќе да ја засили последната линија од тимот на „сините“ пред голманот Куртоа. Интересно е што изборот на „сините“ не падна врз Ван Дајк од Саутемптон или Манолас од Рома, откако шампионот на Премиер-лигата реши да го ангажира Антонио Рудигер.

Германскиот репрезентативец доаѓа од редовите на Рома, а како што јавува „Скај спортс“, сите детали биле договорени за помалку од 24 часа. Челси ќе плати 33 милиони евра на „римската волчица“, плус дополнителни пет милиони преку неколку клаузули.

Што се однесува до Рудигер, германскиот репрезентативец по завршувањето на Купот на Конфедерации ќе допатува во Лондон за да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише петгодишен договор со тимот од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...