Челси доминантно против Петербороу во првата контрола сезонава

Европскиот шампион Челси со убедливи 6-1 славеше над Петербороу во првиот контролен натпревар одигран сезонава. Мароканецот, Хаким Зијеш одигра одличен натпревар на кој успеа да постигне хет-трик, а во листата на стрелци за Челси се запишаа и Пулишиќ, Хадсон Одои и Рубен Лофтус Чик.

Втората пријателска сезонава Челси ќе ја игра за десет дена против Вулвехемтпон Вулвс.

Се вчитува...