На крајот на преодниот рок во најсилните фудбалски првенства Челси останува еден од најактивните клубови кога станува збор за заминувањата од „Стемфорд Бриџ“.
Чилвел заминува на позајмица во Кристал Палас, пред заминување е и Дисаси, а се чини дека „сините“ донесоа одлука за иднината на двајца атрактивни напаѓачи.
За разлика од Жоао Феликс за кој се водат активни преговори со Милан, иднината на Кристофер Нкунку останува во Лондон. Челси не сака да се откаже од неговите услуги така лесно, па и покрај големиот интерес за него, тој ќе се бори за место во првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА