Челси го бара Калдара, пропаѓа враќањето на Бонучи во Јуве?

Челси долго време преговараше за Антонио Ругани од Јувентус, за „сините“ во последен момент да ја променат стратегијата и вниманието целосно да го насочат кон Матија Калдара. Станува збор за млад и перспективен дефанзивец во кого стратегот Сари гледа поголем потенцијал отколку Ругани, па „сините“ веќе испратиле и понуда од 40 милиони евра за Калдара, на кого Јуве има можност добро да заработи откако летово го доведе од Аталанта.

Сепак, проблем е фактот дека со овој трансфер на Калдара би се упропастила размената што начелно е договорена со Милан, а со која „црно-белите“ би го вратиле назад Леонардо Бонучи. Милан не сака Ругани да биде вклучен во размената и инсистира на Калдара, па доколку Јуве го продаде овој играч во Премиер-лигата, тоа ќе значи и пропаѓање на размената со „росонерите“.

Во целата ситуација Јувентус би се соочил со уште еден проблем, да најде купец за Гонзало Игуаин, чија преселба во Милан исто така зависи од размената за Бонучи.

„Старата дама“ вообичаено важи за клуб што одлично ги преговара трансфер-зделките, но оваа ситуација дефинитивно ќе биде предизвик за директорот Марота.

Се вчитува...