Челси го финишира трансферот на Каи Хаверц за 80 милиони евра

Младата ѕвезда на германскиот фудбал Каи Хаверц сака да игра за Челси во новата сезона, пренесуваат англиските медиуми. Сепак, Германецот има само еден услов кој лондонскиот клуб треба да го исполни, а тоа е да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Челси на две кола до крајот се наоѓа на третата позиција на првенствената табела со бод повеќе од ривалите Лестер и Манчестер Јунајтед, но „лисиците“ се во најлоша ситуација бидејќи со вчерашниот пораз од Тотенхем до крајот на сезоната имаат да одиграат само уште еден натпревар.

Доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Челси е подготвен за услугите на Хаверц на Леверкузен да му плати 80 милиони евра. 21-годишникот сезонава во Баер Леверкузен успеа да постигне 17 гола.

Се вчитува...