Челси го исплати Конте, доаѓа Сари во пакет со Ѕола

Челси е подготвен за именување на Маурицио Сари за нов менаџер, откако е отстранета и последната пречка – заминувањето на Антонио Конте од „Стемфорд бриџ“ со кое италијанскиот стратег ќе му го препушти своето место на сонародникот. Сари уште пред извесно време е договорен со „сините“, но Челси бараше начин за „што побезболна“ разделба од Конте, водејќи интензивни разговори со трофејниот стручњак околу висината на оштетата што би ја добил за предвремен раскин на договорот.

Како што јавува „Дејли мејл“, конечно бил постигнат договор, Конте и неговиот целокупен стручен штаб да добијат вкупно 9,5 милиони фунти, по што во следните 48 часа би требало да се официјализира заминувањето на овој стратег и доаѓањето на Сари на негово место.

Екс-тренерот на Наполи со себе во Лондон ќе донесе и добро познато лице, Џанфранко Ѕола. Поранешниот фудбалер на Челси веќе ги договорил условите за враќање на „Стемфорд бриџ“ како прв асистент на Сари, што сигурно ќе придонесе за експресно придобивање на поддршката од фановите.

Се вчитува...