Матео Ковачиќ се сели на „Стемфорд бриџ“?

Матео Ковачиќ денеска почна со тренинзи во кампот Валдебедас во Мадрид, но не престануваат шпекулациите околу неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Челси е клубот кој се наоѓа најблиску до ангажман на хрватскиот играч за врска, откако лондонскиот премиерлигаш веќе остварил и контакти со Реал Мадрид на оваа тема. „Сините“ се подготвени да платат 10 милиони евра за едногодишна позајмица, по што наредното лето би имале можност да го откупат неговиот договор со „кралевите“ за дополнителни 50 милиони евра.

Хрватот во секој случај нема да биде стандарден првотимец кај Лопетеги, па Флорентино Перез размислува да ја прифати оваа опција, за да не ризикува сосила да држи незадоволен играч во тимот кој би можел да ја наруши атмосферата во екипата.

Се вчитува...