Челси го ослободи Сари: Може да оди во Јувентус!

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари доби зелено светло за заминување од клубот и преземање на италијански Јувентус.

„Спортиталија“ од сигурни извори пренесува дека Сари денеска добил раскин на договорот со Челси. Откако Сари му ја донесе на Челси титулата во Лигата на Европа клубот не сакајќи да му создава проблеми дозволил негово заминување од „Стемфорд бриџ“. Па поранешниот тренер на Наполи наредниве денови се очекува и официјално да биде промовиран како нов тренер на Јувентус.

Во својата деби сезона на „Стемфорд бриџ“ Сари го осигура и третото место во Премиерлигата, па „сините“ следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...