Челси го освои Мадрид, Баерн веќе во четвртфинале во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Челси со предност ќе го очекува осминафиналниот реванш натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид откако славеше со 0-1 на гостувањето во Шпанија.

Победата на Англичаните ја донесе Гиру во 68. минута од средбата…

Баерн Минхен е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите, и само чудо може да го спречи во тоа, откако убедливо со 1-4 славеше на гостувањето на „Олимпико“ против Лацио.

Се почна со голот на Левандовски во деветтата минута по големата грешка на домашните…

Потоа и Мусиала во 24. минута зголеми со 2-0, а Сане во 42. минута го докрајчи Лацио, кој уште од сега може да се откаже од четвртфиналето во Лигата на шампионите.



Во второто полувреме, Баерн најпрво зголеми и на 0-4 со автоголот на Ачерби во 47. минута, а Кореја во 49. минута заокружи за конечни 1-4.

Се вчитува...