Челси го претрка Арсенал – Рафиња доаѓа на „Стемфорд Бриџ“

Челси го осигура првиот мегатрансфер во летниот преоден рок откако поранешниот европски првак експресно ги договори условите со Лидс за трансферот на Рафиња.

Бразилецот се наоѓаше на листата со желби на бројни екипи, тој уште пред неколку месеци ги имаше договорено условите со Барселона, но каталонците не понудија ни приближно на сумата што ја бараше Лидс (75 милиони евра). Арсенал се вклучи во трката и десетина дена разговараше со Лидс, пред Челси експресно да ја заврши работата, нудејќи 65 милиони евра веднаш, плус дополнителни 10 милиони преку клаузули што се лесно остварливи.

Лидс ја прифати оваа понуда, па сега останува само уште фудбалерот да се договори за личните услови, по што трансферот ќе биде официјализиран.

Доаѓањето на Рафиња е дел од планот на Челси да ангажира двајца крилни офанзивци летово, вториот се очекува да биде Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Се вчитува...