Челси го сака позајмениот „крал“ Ашраф Хакими на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го доведе Ашраф Хакими на „Стемфорд бриџ“ по истекот на оваа сезона. Менаџерот Франк Лампард би сакал да го види десниот бек како ново засилување за следната натпреварувачка година.

Хакими втора сезона е на позајмица во Борусија Дортмунд од редовите на Реал Мадрид и има обврска да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Многу веројатно е дека Зинедин Зидан ќе го задржи во „кралскиот тим“ со оглед дека најави и „чистка“ за одредени фудбалери, но Челси ќе испрати понуда 30 милиони фунти. По добрите игри на Ашраф Хакими во Бундес-лигата, за него постои интерес и од германскиот првак Баерн Минхен.

 

Се вчитува...