Челси го сака Вилфрид Заха, Хоџсон не го пушта

Челси тргнува во мисија за ангажман на крилниот напаѓач на Кристал Палас, Вилфрид Заха. Новиот менаџер Маурицио Сари сака да добие уште еден квалитетен играч во навалната линија пред стартот на новата сезона во Премиер – лигата, а раководството на „сините“ е подготвено да му ја исполни желбата токму со купување на Заха.

За поранешниот играч на Манчестер јунајтед е заинтересирана и Борусија Дортмунд, но понуда од „Стемфорд бриџ“ сигурно ќе биде разгледана посериозно и на „Селхрст Парк“.

Вилфрид Заха ова лето одби нов договор со Кристал Палас според кој би заработувал 120.000 фунти неделно, надевајќи се дека ќе реализира трансфер. Од друга страна, менаџерот Рој Хоџсон се надева дека тој сепак ќе остане во клубот.

„Пред два дена имав телефонски разговор со Вилфи, и тој ми кажа дека нема намера да си замине“, изјави Хоџсон за медиумите на Островот.

Се вчитува...