Челси го собира најдоброто од Бундес-лигата, после Тимо Вернер тргнува по Каи Хаверц

Англискиот премиерлигаш Челси не се шегува кога се во прашање засилувањата за новата сезона. Откако „одлежа“ два преодни рока поради казна од УЕФА, лондонскиот тим тргнува во акција да го собере најдоброто од Бундес-лигата. Менаџерот Франк Лапмард подолг период го следи германскиот шампионат и смета дека Тимо Вернер и Каи Хаверц би биле идеалните засилувања за неговиот тим.

Вернер е веќе договорен, откако Челси во последен миг го „украде“ пред Ливерпул и ќе плати 60 милиони евра отштета на Лајпциг, а раководството на клубот веќе е фокусирано на уште позначајна мисија, ангажманот на Каи Хаверц.

За младиот офанзивец Баер Леверкузен бара отштета од 100 милиони евра, а Челси веќе испрати сигнали дека е заинтересиран за преговори. Во трката се уште и Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, но Роман Абрамович никогаш не е за потценување ако има намера да го доведе на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...