Челси и Баерн Минхен подготвуваат спектакуларна замена на играчи

Летниот трансфер рок не донесе огромни промени во редовите на Челси и Баерн Минхен, но овие два тима се споменуваат во медиумите како тимови кои оваа зима можат да направат спектакуларна размена на играчи.

Имено, во редовите на „сините“ од Лондон се очекува да пристигне Лирој Сане, додека во спротивен правец се очекува да замине Калум Хадсон-Одои. Сане кој пристигна во баварскиот клуб од Манчестер Сити го загуби своето место во тимот и е подготвен за враќање во Премиерлигата, додека слична е ситуацијата и со Англичанецот.

Хадсон-Одои не може да го осигура своето место во почетниот состав покрај мега-ѕвездите на Челси, а во потрага по поголема минутажа сака да замине во редовите на Баерн Минхен кој веќе неколку години изразува сериозен интерес за неговите услуги.

Се вчитува...