Екипата на Барселона претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Челси во петото коло во Лигата на шампионите. „Каталонците“ одиграа подпросечен натпревар во Лондон, и беа сосема заслужено поразени, а за триумфот на англискиот тим многу им помогна и црвениот картон на Араухо кон крајот на првиот дел.
Првиот гол Челси го постигна во 27. минута од средбата кога Кунде си постигна автогол по додавањето од десната страна од страна на Кукуреља. Потоа во 44. минута поради втор жолт, Араухо беше испратен во соблекувалната.
Сето тоа во гол го круниса Естевао со одличен гол во 55. минута од средбата, за Делап во 73. минута донесе и 3-0 за англиската екипа. Прашање е како ќе беше резултатот ако Феран Торес реализираше чист зицер при 0-0 во првите минути од средбата.
Екипата на Манчестер Сити за само неколку дена претрпе уште еден пораз. После неуспехот против Њукасл во Премиерлигата, четата на Пеп Гвардиола беше поразена и од Баер Леверкузен на домашен терен. Грималдо во 23. минута го отвори резултатот по една одлична акција на „фармацевтите“. Патрик Шик во 54. минута со глава го совлада Трафорд и донесе 0-2.
Наполи дури во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Карабах и да дојде до триумф од 2-0 со головите на Мектоминеј и Јанковиќ автогол. Наполи во 56. минута не реализираше и пенал преку Хојлунд. Елиф Елмас влезе во игра во 75. минута од средбата.
Јувентус успеа да дојде до триумф во последните секунди од мечот со Бодо Глимт на гости. Бломберг донесе предност за домашните, а потоа Опенда и МекКени за само 11 минути во вториот дел се погрижија за пресврт. Фет од пенал успеа да израмни во 87. минута, додека Дејвид во првата минута од судиското надополнување ги донесе трите бода.
Њукасл после победата над Манчестер Сити, е поразен на гостувањето во Марсеј, и тоа со пресврт во вториот дел. По водството преку Барнс во првиот дел, Пјер Емерик Обамејанг за само четири минути со два гола ја донесе победата за францускиот тим.
Сигурна победа обезбеди и Борусија Дортмунд на „Вестфален“ против Виљареал со 4-0, со што дојде до триумф над уште еден шпански противник после Атлетик Билбао. Гираси во финишот од првиот дел го отвори резултатот. Следуваше уште еден погодок на Гираси на стартот на вториот дел, и тоа по промашен пенал, а Адејеми зголеми на 3-0. Во 82. минута Фабио Силва промаши пенал за 4-0, но до четврти гол, сепак, „милионерите“ дојдоа по погодокот на Свенсон во петата минута од судиското надополнување.
Единствениот меч без голови се одигра во Прага, каде Славија успеа да извлече бод против Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

