Челси ја израмни понудата за Лукаку, но проблем е Мино Раиола

Челси не се откажува од Ромелу Лукаку, па шампионот на Премиер-лигата вечерва испрати понуда во висина од 75 милиони фунти за белгискиот ас. Сепак, англиските медиуми тврдат дека „сините“ немаат шанси да го комплетираат трансферот бидејќи се во „војна“ со агентот Мино Раиола, одбивајќи да му платат провизија во висина од 12 милиони фунти.

Станува збор за сума што Жозе Мурињо веќе ја одобрил, поради што и самиот Раиола инсистира трансферот да биде што поскоро комплетиран. Добро познати се одличните врски меѓу Манчестер јунајтед и овој супер-менаџер, кој лани ги донесе Погба, Ибрахимовиќ и Мхитаријан на „Олд трафорд“, а сега ќе продолжи да соработува со најтрофејниот англиски клуб.

Антонио Конте бил бесен откако Челси не реагираше благовремено во преговорите со Евертон и дозволи Мурињо пред нос да му го „украде“ голгетерот во кој тој гледаше идеален предводник на нападот на „сините“ во годините што следат. Токму на инсистирање на Конте вечерва била испратена понуда до Евертон, но шансите за реализација на трансфер на Лукаку на „Стемфорд бриџ“ се сведени на теорија, меѓу другото и поради фактот дека Мурињо во преговорите со Куман го вклучува и трансферот на Вејн Руни на „Гудисон парк“. И пред поради Мино Раиола – кој во бројни случаи покажал дека знае да го истурка она што го посакува, во случајов транфсер на неговиот клиент во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...