Челси ја одреди цената за Енцо Фернандез

И покрај тоа што станува збор за еден од најдобрите играчи на Челси, сепак, „сините“ полека попуштаат пред притисокот и можно е да се откажат од услугите на одличниот аргентински играч од средниот ред Енцо Фернандез.

Според информациите, Челси се согласил да го пушти Енцо за сума од 150 милиони евра плус бонуси. Тоа значи дека Реал Мадрид, кој е заинтересиран за услугите на Аргентинецот, може да почне да размислува за ангажман во летниот преоден рок.

Фернандез дојде во Челси за сума од околу 120 милиони евра во 2023 година од Бенфика. Не е познато дали португалскиот клуб има процент од следна продажба.

Се вчитува...