Челси ја одреди цената за Оливие Жиру

Францускиот интернационалец Оливие Жиру бара излез од „Стемфорд бриџ“ со оглед дека воопшто не добива минутажа во тимот на Челси, а клубот ја одреди цената за неговото заминување. Тој би можел комплетно да замине во друга средина за сума од 7 милиони евра.

За Жиру постои интерес од италијанските калчолигаши Интер и Милан, би можел да остане во Англија во редовите на Кристал Палас, а и Олимпик Марсеј и Ница сакаат да го ангажираат францускиот репрезентативец. За разлика од малата минутажа во Челси, Оливие Жиру има забележителни настапи во селекцијата на „триколорите“ во квалификациите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...