Челси ја плати клаузулата, Кепа на пат кон Лондон

Кепа Аризабалага дефинитивно ќе стане најскап голман во светот на фудбалот откако Челси денеска уплати 80 милиони евра, за да го доведе чуварот на мрежата на Атлетик Билбао на „Стемфорд бриџ“.

Челниците на Атлетик вообичаено не сакаат да преговараат за продажба на своите фудбалери, па токму затоа „сините“ беа принудени да ја платат клаузулата за раскин на договорот со шпанскиот клуб. Согласно шпанските правила, најпрвин Челси ја плати целата сума на Кепа, по што самиот фудбалер со своите адвокати ја уплати истата за активирање на клаузулата за раскин на договорот со Атлетик.

Кепа денеска ќе отпатува за Лондон, каде по минувањето на лекарските прегледи и официјално ќе го потпише договорот со Челси, комплетирајќи го најскапиот трансфер за еден голман, уривајќи го рекордот на Алисон Бекер и неговата преселба од Рома во Ливерпул.

Со овој трансфер дефинитивно се отвора вратата за заминување на Тибо Куртоа, кој својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...