Повредата на Кол Палмер е од посериозна природа и најдобриот фудбалер на Челси ќе мора да отсуствува уште на неколку натпревари по репрезентативната пауза.
Ова го откриваат медиумите на „островот“ откако претходно беше најавено дека Палмер ќе биде „фит“ веднаш по паузата, но рехабилитацијата очигледно во меѓувреме не се одвиваше онака како што се надеваа во медицинскиот тим на Челси. Последните информации говорат дека Палмер воопшто не е блиску до камбек, а прогнозите се дека тој би можел да се врати најрано на почетокот од месец ноември.
Повредите го лимитираа големиот ас на само четири средби за „сините“ сезонава, но токму затоа Мареска и клупските лекари не сакаат да избрзуваат како минатиот пат, туку се решени да му дадат на Палмер време за целосна рехабилитација, за да не дојде до обновување на истиот проблем во блиска иднина.
Палмер ќе ги пропушти натпреварите против Нотингем, Сандерленд и Вулвс во Премиер-лигата, како и дуелот со Ајакс во ЛШ, а неговиот камбек во најдобар случај се очекува на лондонското дерби на гостински терен против Тотенхем закажано за 1 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

