Челси ќе направи се да го доведе Винициус во своите редови

Челси наводно размислува за спектакуларен потег во летниот преоден рок и да го доведе Винициус Жуниор на „Стемфорд бриџ“. Иако бразилскиот напаѓач има договор со Реал Мадрид до 2027 година, преговорите за неговото продолжување во моментов се во застој, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за можно заминување од „Сантијаго Бернабеу“ веќе следното лето.

Како што пишува британскиот „Гардијан“, а исто така известуваат и шпанските медиуми, Челси е подготвен да понуди дури 160 милиони евра за Винициус. Реал Мадрид сè уште сака да ја задржи една од своите најголеми ѕвезди, а самиот играч наводно не ја затворил вратата за останување, но преговорите досега не постигнале никаков напредок. Затоа раководството на клубот изјави дека Винициус ќе биде ставен на трансфер листата ако ситуацијата не се реши до летото.

Челниците на „кралскиот клуб“ не сакаат да ризикуваат сценарио во кое играч од таква класа би го напуштил Мадрид без обештетување по истекот на договорот во 2027 година.

Доколку трансферот објавен од англиски и шпански извори се оствари, Винициус би станал третиот најскап фудбалер во историјата. Рекордот од 2018 година сè уште го држи Нејмар, додека на второто место е Килијан Мбапе, кого ПСЖ му плати 180 милиони евра на Монако.

Се вчитува...