Челси има намера да го ангажира стоперот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, доколку во Минхен слета Матијс Де Лихт од Јувентус.
Де Лихт е блиску до потпис со „Баварците“ за 90 милиони евра, а тоа ќе значи дека Баерн би можел да продаде еден од своите стопери, со цел да обезбеди буџет, со што изборот ќе падне на Упамекано.
Упамекано дојде во Баерн на почетокот на минатата сезона од Лајпциг. Баерн сезонава го загуби Никлас Зиле кој се пресели во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА