Челси лесно против Шефилд Венздеј во ФА купот

Челси очекувано се пласира во осминафиналето на ФА купот на Англија, откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Шефилд Венздеј со 3-0. Тимот на Маурицио Сари беше доминантен, а головите ги постигнаа Вилијан и Хадсон – Одои. На овој меч за Челси дебитираше Гонзало Игуаин.

Први можеа да поведат гостите. Беше досуден пенал за Шефилд Венздеј, но прегледувањето на снимката со ВАР-системот судијата сепак одлучи да ја отповика својата претходна одлука. Потоа беше досуден пенал за Челси што го реализираше Вилијан.

На 2-0 зголеми младиот мегаталент Калум Хадсон – Одои, а на крајот уште еднаш Вилијан се запиша меѓу стрелците за убедлив триумф од 3-0.

Се вчитува...