Челси му нуди „златен договор“ на Канте

Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте ќе стане најдобро платен играч на Челси ако го прифати новиот договор предложен од клубот. Според „Тајмс“ понудата на Французинот, кој имаше извонреден настап на СП во Русија, се однесува на договор за пет години со недлена плата од 290.000 фунти.

Доколку го потпише договорот, Канте ќе има повисока плата дури и од првата ѕвезда на Челси, Еден Азар кој сега заработува по 220.000 фунти неделно.

Азар исто така има понуда од Челси за продолжување на договорот, но тој приоритет му дава на трансферот во Реал Мадрид.

За Канте пак заинтересирани се ПСЖ и Барселона, но францускиот репрезентативец како што најави, нема намера да го напушти „Стемфорд Бриџ“, а лондонскиот клуб е подготвен да ја награди неговата лојалност.

Се вчитува...