Челси на лето го купува Весино од Интер

Англискиот премиерлигаш Челси води битка за пласман во Лигата на шампионите, а менаџерот Франк Лампард веќе почна да ги планира засилувањата за следната сезона. Клубот од „Стемфорд бриџ“ не доведе нови имиња во јануари иако беше намалена казната од ФИФА за забрана за трансфери, но веќе е подготвен списокот за летниот преоден рок.

Матијас Весино, играчот за врска на Интер, е една од желбите на Лампард. Челси е во трка и за мегатрансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и подготви 140 милиони евра, а веќе е договорено доаѓањето на Хаким Зијеш од Ајакс.

Се вчитува...