Челси не личи на шампион, немоќен против Лестер

Англискиот првак Челси продолжува со неубедливи игри и веќе на наликува на шампионски состав. Тимот на Антонио Конте не успеа да пронајде начин да ја затресе мрежата на Лестер, кој од 68.минута играше и со играч помалку поради исклучувањето на Чилвел. Но, Азар и Мората не беа во елемент, а во продолжението ниту Вилијан и Педро не беа поуспешни. Маркос Алонсо се обиде од слободен удар во судиското продолжение, но Шмајхел го одбрани неговиот удар.

Вест хем славеше убедлив триумф на гости против Хадерсфилд, победувајќи со 1-4. Двоен стрелец беше Ланзини, а погодија и Нобл и Арнаутовиќ.

Резултати Англија: Челси – Лестер 0-0, Кристал Палас – Барнли 1-0, Хадерсфилд – Вест хем 1-4, Њукасл – Свонси 1-1, Ватфорд – Саутемптон 2-2, ВБА – Брајтон 2-0.

Се вчитува...