Челси не успеа да ги продаде сите билети – „Сините“ ќе останат без 800 навивачи за финалето во Лигата на шампиони

Економската криза очигледно го погоди светот, па фудбалскиот клуб Челси не успеа да ги продаде сите билети што ги доби од УЕФА за финалето во Лигата на шампиони против Манчестер сити што се игра во сабота на стадионот „Драгао“ во Порто.

„Сините“ добија 5.800 билети за натпреварот, но 800 ќе бидат вратени во УЕФА. Влезниците кои се вратени вкучувале субвенциониран чартер пакет по цена од 200 фунти. УЕФА беше доста критикувана за цената на билетите што се движеше од 70 до 400 фунти.

Манчестер сити се реши да им го плати авионскиот билет до Порто на сите свои навивачи, како и превозот од аеродромот до стадионот „Драгао“.

Според најавите, на трибините ќе има вкупно 16.500 навивачи.

Се вчитува...