Челси не застанува со шопингот: Нов десен бек за 30 милиони евра

Првиот човек на Челси, Тод Боели не престанува со трошењето пари на нови засилувања. Одбраната повторно беше на дневен ред на „Стемфорд бриџ“, и тоа позицијата десен бек, откако успешно беа финиширани преговорите со Лион за Мело Густо.

„Сините“ подолго време се интересираа за овој фудбалер, Лион не сакаше да го пушти среде сезона, па на крајот беше најден компромис, Челси го купи Густо за сума од 30 милиони евра, но веднаш го врати на позајмица во Лион до крајот на шампионатот во француското првенство.

Останува дилемата зошто Челси троши толку пари на резерва на позиција на која го има Рис Џејмс, како еден од најдобрите десни бекови во Премиер-лигата. Сепак, кога е Тод Боели во прашање, не треба да се бара фудбалска логика.

Се вчитува...