Челси не застанува, тотална офанзива по СМС

Челси игра се послабо како што одминува времето во текот на сезонава, што е доволна причина за Роман Абрамович да го одврзе кесето и да инвестира во сериозни засилувања во летниот преоден рок. „Сините“ настојуваат да „затворат“ што повеќе трансфери уште додека трае сезонава, а откако тоа им успеа со Зијеш од Ајакс, сега вниманието на лондонскиот клуб е целосно насочено кон Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Српскиот репрезентативец игра во одлична форма и е меѓу најзаслужните што Лацио е сериозен ривал во трката за скудетото. Скаути на Челси го следеле Сергеј на дербито со Интер, останувајќи воодушевени од неговиот одличен настап крунисан со постигнување на победничкиот гол. Позитивните препораки стигнале до Лампард, кој веднаш дал сигнал до клупските директори што поскоро да почнат официјални преговори со „лацијалите“.

Проблем за Челси е што сериозен интерес за истиот фудбалер покажуваат и Интер и Јувентус, како и Манчестер Јунајтед. Сето ова придонесе цената на СМС повторно да скокна на 100 милиони евра, па останува да се види дали „сините“ ќе се согласат да ја платат оваа сума за да го осигураат трансферот во следните месеци, или ќе чекаат да се влезе во наддавање во текот на летото.

Се вчитува...