Челси нема да го казни Кепа за инцидентот во финалето на Купот

Челси не планира да го казни голманот Кепа Аризабалага за тоа што одби да биде заменет на барање на менаџерот Сари и предизвика скандал кој ја тресе англиската фудбалска јавност. Шпанецот кој во Лондон дојде минатото лето за рекорден трансфер од 71,6 милиони фунти не го послуша Сари кој сакаше да го замени пред изведувањето пенали.

Според најавите Кепа ќе биде во составот за дуелот на Челси в среда против Тотенхем, а и Сари ќе биде на клупата и покрај најавите дека пораз во финалето би можел да и пресуди на неговата менаџерска кариера кај „сините“.

Веднаш по финалето и Сари и Кепа објаснуваа дека инцидентот всушност бил големо недоразбирање. Контра ваквото тврдење оди крајно нервозната реакција на италијанскиот тренер во моментите кога сфати дека Кепа нема намера да излезе и оти му пркосеше пред очите на целата светска јавност.

 

 

Се вчитува...