Англискиот премиерлигаш Челси ќе пазари од Серија А. Се очекува официјалното пристигнување на Маурицио Сари за нов менаџер на тимот од „Стемфорд бриџ“, а тој веќе издал наредба раководството на клубот да се обиде да го доведе Даниеле Ругани од италијанскиот првак Јувентус.
Челси е подготвен да плати 40 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец на „старата дама“ и да го доведе во Лондон. Мал проблем може да претставува фактот дека Челси следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, но Сари му ветил на Ругани дека ќе биде стандарден првотимец и дека ќе има голем простор за напредок во Премиер – лигата. Покрај тоа, тој би добил годишна плата од 5 милиони евра, двојно повеќе од сегашниот личен доход во клубот од Торино.
Сепак, засега нема одговор од Јувентус дали ќе ја прифати понудата за својот перспективен одбранбен фудбалер кој е и италијански репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА