Челси нуди 55 милиони фунти за Перишиќ

Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Челси, се обидува да го победи Манчестер јунајтед во трката за ангажманот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, беше во Загреб лично да ја следи играта на Перишиќ во хрватската фудбалска рептрезентација, но и Антонио Конте е силно заинтересиран за неговите услуги.

Челси е подготвен да плати 55 милиони фунти за крилниот играч на Интер ова лето, а „нероаѕурите“ најверојатно ќе одлучат да го продадат со оглед дека и следната сезона ќе останат без настап во Лигата на шампионите. Калчолигашот ќе биде принуден да продава и поради финансискиот фер-плеј по завршувањето на овој шампионат.

Се вчитува...