Челси одби 40 милиони евра од Реал за Куртоа

Челси без размислување одби 40 милиони евра понуда од Реал Мадрид за услугите на белгискиот голман Тибо Куртоа.

„Кралевите“ се во потрага по чувар на мрежата, но никако да се договорат со Рома за Алисон Бекер, а нема ништо и од евентуален трансфер на Давид Де Геа кој ја продолжува соработката со Манчестер јунајтед.

Па, Реал со 40 милиони евра се обидува да го купи Куртоа…. Но, од „Стемфорд бриџ“ порачаа дека тоа е премалку за таков вид голман. Според информациите од шпанските медиуми, сепак, Реал Мадрид нема да застане само на оваа точка преговори затоа што не сакаат лесно да се откажат од Куртоа кој во моментов е најпримамливата опција.

Се вчитува...