Челси одбил понуда од 65 милиони фунти за Вилијан

Лондонски Челси на крајот од претходниот месец одбил неверојатна понуда за Бразилецот Вилијан.

Иако Бразилецот имаше намера да ги напушти „сините“ во летниот предон рок, и самиот нагласувајќи го тоа, сепак Челси се одлучи да ги одбие сите понуди за неговите услуги. А, меѓу нив и една од Барселона во висина од неверојатни 65 милиони фунти.

Иако тоа било навистина предизвикувачка понуда на крајот е донесена одлука истата да се одбие.

А, Вилијан ја почна одлично новата сезона во Челси. Во седум одиграни меча постигна два гола и запиша уште две асистенции.

Се вчитува...