Челси остана без Педро

Челси стигна до цел плен на гостувањето против Ватфорд, но „сините“ скапо ја платија победата со оглед на повредата што во финишот од првото полувреме ја заработи Педро. Шпанскиот крилен фудбалер мораше да биде заменет пред крајот на првиот дел, а првичните прегледи покажале кинење на мускулно влакно.

Се уште е неизвесно колку ќе изнесува неговата пауза од терените, но се очекува истата да биде најмалку 20 дена. Ова значи дека Педро ќе пропушти неколку премиерлигашки натпревари, како и двете полуфинални средби од лига-купот на Англија против Тотенхем.

Останува да се види за каква опција ќе се реши Сари, дали ќе остане со формација со Азар како најистурен во нападот, или Белгиецот ќе се врати како крилен офанзивец, а шанса на врвот од навалната линија ќе добијат Мората или Жиру.

Се вчитува...